свој (прид.) - вујна (имн.)

Мајка во Солун стигнала со првата роса на својот живот, во прегратката на својата вујна, Италијанката Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во неговите стра­ни­ци беше продолжено среќното време од детството кое го живееше во Солун, крај својата вујна, чудесната Италијанка Клементина која засекогаш ја задржа во спомени­те како мајка, подоцна како светица, во својот живот во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тешко можеше да се утврди дали вештината на правењето на оваа пита Ервехе ја научила од својата свекрва или од својата вујна Клементина, во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така се доверувала Ервехе на својата вујна Клементина, во која имаше многу доверба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сето тоа, а и многу други работи, ги беше научила од својата вујна Клементина, во незаборав­ниот Солун, рајот на нејзиното детство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И еве, младата Ервехе, со својата вујна, Италијан­ката Клементина, како да беше дел од таа голема војска на животот која ја започнуваше својата балканска одисеја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)