свој (прид.) - вујко (имн.)

Се врати дома плачејќи. Веднаш отишол кај својот вујко, за совет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Велгоштанецот на севозможни начини сакаше да му помогне, да го подготви младиот човек, да може утре кога не ќе биде под крилото на својот вујко да може сам да ги дочека и да ги издржи неминовните удари на животот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Апотеозата на цариградските години, Татко ја достигна со ненадејната средба со Мустафа Ќемал Ататурк, во куќата на својот вујко Фатхи-беј Окијар, на островчето Бујук Ада, во Мраморното Море.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На 12 години, Фернандо бил испратен од својот вујко, познатиот „Афисионадо“ на коридата, во училиште за матадори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На едно патување од Лондон во 1927 година ќе запре во Париз, за да го посети својот вујко Али Фети Окјар кој беше тогаш амбасадор на Турција во Франција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Остануваше нем пред нас, неговите деца со него­вото херојско време од младоста, за средбите со својот вујко Али Фети Окјар, за средбата со Мустафа Ќемал Ататурк.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Немој, викал другиот и сѐ повеќе ја пикал главата во кожите. - Јаков ќе е татко и на деветто дете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога нешто ќе почнеш, доврши го, засипнато рекол Онисифор Мечкојад; веќе бил без омраза кон својот вујко, кон неговиот облик на замелушен гуштер, кон неговото олцкање и тресење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не пее но пие и Онисифор Мечкојад. Тагува по својот вујко а помагаше да го обесат. Сега си ја мие душичката со ракија.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Орлен Шумков беспомошно ги рашири рацете. „Кој каде. Борис Калпак пие и пее со својот булук.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кога Али Фетхи Окјар се најде како амбасадор на Република Турција во Лондон, баба веруваше оти Бог е повторно на нејзина страна, и синот Сами ќе појде повторно во Лондон, при својот вујко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас се бев оддалечил најмногу од неа во долгиот дипломатски мандат... Писмото беше испишано само на една страница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ракописот беше убав, неизменет уште од времето кога како дете сираче, останата без мајка, еден период живееше кај својот вујко во Солун, учеше кај солунските лазаристи француско училиште.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На ова место во годините на сталинизмот, за секој случај, ја имаше закачено сликата на Сталин покрај Тито.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле дојде времето Татко од Измир да патува за Цариград кај својот вујко Али Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со восхит го слушаше својот вујко Али Фети, човекот кој имаше кариера на воен заповедник, дипломат (воен пратеник во Париз и амбасадор во Софија, каде што на служба како воен пратеник беше и Мустафа Кемал, во десеттите години на XX век), министер за внатрешни работи на Османската Империја, но и министер за внатрешни работи на нова Турција, (подоцна и премиер откако во 1923 година ќе биде прогласена за Република Турција).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко за прв пат во животот се сретна со својот вујко Али Фети на островот Бујук Ада.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Али Фети во мигот замолкна. Татко го впиваше секој збор, на моменти сакаше со нешто да се надоврзе, да го праша својот вујко, но не се осмелуваше во ниеден миг да го прекине.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со време Татко и неа ја премести, а на неговото место ја постави сликата на својот вујко која долго време успешно ја криеше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски никогаш не го прашуваше Татко кој е на сликата, но сега помисли дека тоа може да биде само Али Фети Окјар и никој друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко над својата маса држеше една голема врамена фотографија на својот вујко од времето кога беше премиер на Турција, со негова посвета.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Асја сама го одгледа својот син Иљми кој на петнаесетгодишна возраст замина, заедно со својот вујко Виктор, на работа во Швајцарија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во Татковото семејство се знаеше за Мајкината незгасната љубов кон Италија, зачната уште во нејзиното најраното детство кога, како сираче, се најде во Солун, кај својот вујко хирург и вујната, Италијанката Клементина, која ја есапеше за своја ќерка и ѝ ја изли сета љубов што Мајка дотогаш не ја почувствувала.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Момчето што ѝ го готвеле за маж, уште во 1917 година заминало во Цариград, кај својот вујко, пријател на Ататурк, уште од детство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа не знаела до кога ќе биде во Солун, кај својот вујко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XIV Како што Татко, во времето на комунизмот кое се совпадна со неговиот триесетгодишен егзил во Југославија, ја криеше својата најзначајна историска епизода од целиот свој живот, средбата со Ќемал Мустафа-Ататурк, основачот на нова Турција, во 1920 година, на Принцовите острови близу Цариград, во резиденцијата на својот вујко Фетхи-беј Окијар, првиот премиер на новата Турција, така Мајка ја криеше, заедно со Татко, средбата со тогашниот министер за надворешни работи на фашистичка Италија грофот Чано, во 1939 година, во Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во библиотеката на својот вујко Фетхи-беј Окијар ги читаше книгите на Монтескје, на Декарт, на Русо, потоа и делата на фран­цу­ските социјалисти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога татко ми во 1919 година замина на студии во Цариград, и се најде кај својот вујко Фетхи Беј Окијар, тогашен премиер на Турција, кој му овозможи во својата летна резиденција на островот Бујук Ада, близу до Царград, да се види со Ататурк и да му биде предложено да им се придружи во изградбата на новата татковина, татко ми неочекувано се врати на Балканот со својата отоманска кадиска диплома но и со нови книги од турското и европското право...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)