свој (прид.) - вредност (имн.)

Само со неа смислата на битисувањето имаше своја вредност. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како ова да го пишува човек кој, ако не успеал да го воспостави таквиот склад во секојдневниот живот, секако си го поставил во редот на своите вредности и се стремел да го оствари!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Не сакам, ќе настинам! - рече чувствувајќи дека со тоа ја намалува својата вредност во очите на ова планинско момченце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Воопшто не го забележуваат потрошувачот. Sillicon Valley на многу начини потсетува на дигиталниот Детроит. u Но, многумина мислат дека Sillicon Valley и подрачјето на високата технологија се едно и тука идеите би требало сѐ уште да имаат своја вредност: младите претприемачи добиваат “Venture kapital”, а големите претпријатија се на лов по нови идеи. 92 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа што е достапно секому, нештото ја губи својата вредност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
(...) Денес убавото тело егзистира како пазарна марка со својата вредност и местото во хиерархијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имено, нејзиното главно начело е дека не постои ниту едно одредувачко начело и дека во неа слободно можат да се вклучат и сите грешки и коинциденции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така ме нарекуваа оние што се потрудија да ме оттурнат: Маестро ,велеа тие, не смеете да ги потценувате своите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но има и случаи кога зборот е употребен за цели кои не губат од својата вредност заради тоа што се случило некому да му донесат профит.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)