свој (прид.) - врат (имн.)

И ќе викне да ја соопшти пресната новина, издолжувајќи го својот врат и последниот слог од кажаното: — Денеска на атпазар загубена е една црна бреза, куса магарица со мало машко прлеееее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По некој век и Исус го довикал Мухамеда соопштувајќи му го истото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Химна на животот Семето на својот врат си го носи клучот на животот кој ќе го проживее откако претходно ќе никне од себеси за големите искушенија низ кои допрва ќе минува - тоа никого и ништо не прашува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Уште на игранката, кога на својот врат го почувствува нејзиниот здив, изостана оној топлотен бран, кој обично надоаѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Дамакловиот меч“ кој висеше во собата Рада го почувствува на својот врат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се обидуваше да ги одвитка шепите на мајмунчето од својот врат, но не му успеваше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„А јас сепак сакам да ве уверам, Даскалов, дека сведокот Басотова лично ми ја предаде изјавата и притоа не пропушти да ми го покаже на својот врат тој божем откраднат или отуѓен ѓердан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем предметот беше приложен и вие потврдивте дека вашата пријава се однесува токму за таа скапоценост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секое семе, па и човекот како семе, на својот врат ја носи јамката, својата сопствена јамка за свое сопствено загинување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)