Дури ни татко ти не ми веруваше иако и тој постојано спомнуваше некои свои војни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Карер беше близок со митрополитот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Владиката Хрисостом, од своја страна, ја водеше својата војна против окупаторот, проповедајќи ја од амвонот, преку острите црковни обраќања до верниците во кои ни малку не ги штедеше Италијанците.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Добро, тој ја беше загубил довербата во животот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)