свој (прид.) - воденица (имн.)

Почна да ја врти чепурката кон својата воденица каде што се чувствуваше посигурно и моќно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Друго свое освен по неколку кози и овци и урупчињата земја за градинчиња, селаните имаа, по некои, свои воденици, валалници и неколкумина како дедо ми и татко ми што беа кираџии, ги собираа по село шајаците, козите, волната, конопот и другите такви работи да ги носат и да ги продаваат по Битола, Лерин, Воден и Солун и оттаму да им купуваат на луѓето било тоа што тие ќе порачаа или што кираџите ќе мислеа оти луѓето ќе сакаат да купат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Ама сепак ти знаеш што е роман?“ го прашува авторот терајќи ја водата на својата воденица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зарем реков нешто такво?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Види го него како го свртува муабетот на својата воденица.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од тој ден уште повеќе се немтуросал, се замислил, и тој како и Селџик-бег бил смирен објаснувач на Коранот: Алах нѐ создал сите, само тој може да нѐ успокои.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од нивната мрачава и сеништата бегаат. Ништо повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Костадин не чека ни минутка, како што се смирува неговата раздвижена појава, така ја одзатнува својата воденица.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Татко ми, будала, какви што се сите родители кога си замислуваат дека децата им се продолжувачи на делата со кои наумиле да го свртат светот накај својата воденица, закопа едно шише и ме заколна да го отворам кога ќе се омажи девојчето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На пример уште кога се разбра дека народот треба да се готви за востание, тој стави над својата воденица едно високо дрво и на него сноп слама.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)