свој (прид.) - власт (имн.)

Ќатипчето не ја употреби својата власт да ја одврзе, оти и тоа сакаше да си оди „пашито", без товар и да си бара некоја нова Петкана или Флора во новото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Советите и карањата не помогнаа, та Стојо ја употреби и својата власт и сила над Митра како маж над жена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Булкес Грците отворија голема земјоделска задруга, основно училиште и гимназија, имаат своја власт и свои пари, па дури и милиција, печатница во која печатат весници и книги и скоро сите кои беа борци на ЕЛАС таму учат да бидат политички комесари.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Замолча и за миг одново го доби изгледот на учител кој испрашува ученик што ветува: „Како еден човек ја воспоставува својата власт над друг, Винстоне?“ Винстон размислуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Востанието завршило во 1041 По загушувањето на востанието, Византија повторно ја воспоставила својата власт во Македонија и го оптоварила населението со нови давачки што било причина во Македонија повторно да се крене востание во 1072 Востанието се кренало во Скопје а било предводено од Ѓорги Војтех.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тој го искористил слабеењето на елинските градови-држави за да ја зацврсти својата власт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но по повлекувањето на Крстоносците, Византија повторно ја воспоставила својата власт во освоените територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сега се обидуваше да стори нешто големо. , многу големо, со што ќе си ја избави душата од грижи и историски дамки, всушност се давеше во жабурникот на својата власт без печат и без одобрување на некоја сила што била и уште е над него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Додуша, беглер-бегот е водач на сите главатари, на субашите, на кадиите, тој има под своја власт седумнаесет војводи, а секој од нив со своја дружина од илјада и петстотини коњаници кои тој самиот ги плаќа и ги води во бој на свој трошок.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Џемал-ага прави секакви итрости да го стави човекот под своја власт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој владее и со можноста преку неконтролирано однесување да го стимулира незадоволството кај потчинетиот, а потоа користејќи ја својата власт да го казни непромисленото и неприлично однесување на потчинетиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во животот за жал казнуваат само владеачите на моќта. Тие што се здобиле со тоа право. Другине се само оние, останатите, подложните на казни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Цели осумнаесет месеци министерот ја држи под своја власт.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)