свој (прид.) - вистина (имн.)

Потоа дека лавиринтот може да го претстави внатрешното патување на човекот во потрага на својата вистина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најмногу се срамеше оти не успеа без пушка да се избори за својата вистина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Всушност тоа е зборот што можам да го употребам во врска со начинот на кој трагаш по својата вистина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Конечно се постави прашањето, зошто сите тие луѓе благовремено не прозбореле за сеновитите страни на своето минато, туку чекаа во јавноста да се појават документи што токму двократно ги обвинуваат - не само за докажана соработка со тајните полиции, туку и за прикривање на таа своја дејност - и на тој начин им товарат на грбот морален товар поголем отколку оној што ќе го понесеа навремено самите да излезеа во јавноста со своите вистини.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се обидуваше својата вистина да ја прошири до тогашните локални власти, па до министрите, до монархот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше навистина упорен кога сакаше да ја наложи својата вистина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бегај и, ако успееш, раскажи му ја на светот својата вистина. Побрзо.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А мене токму тоа ми се случи! Дојдоа туѓинци, ги заменија дотогашните поробувачи, себеси се прогласија за ослободители, а јас, најпосле уморен од потрага по слободата ја прифатив нивната лага како своја вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)