свој (прид.) - видува (имн.)

Си земам за слобода да изнесам свои видувања како биолог и ученик на доктор Игор Лозински, за Езерото и неговата биорамнотежа, доколку дојде до градење на хидроцентрали и насипи на реката, се крене нивото на водите на Езерото со води на реки, чии тек би бил свртен кон него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така го завршува своето видување на ова спектакуларно судење турскиот весник “Солунски Дневник“, објавувајќи ги во исто време и судските материјали.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
363 На 2 декември 1944 година во Министерството за надворешни работи свое видување на ситуацијата испратил и британскиот амбасадор во Грција Липер.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дотолку поинтересно е, еден гениј како што е Хлебников, математичар, визионер и еден од највидовитите поети на нашето столетие, едноставно да „прими рапорт“ кон крајот на нашиов век за некои свои видувања:
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Партизанските единици се повлекоа на линијата Долнени-Плетвар“.254 За односот на бугарските единици при одбраната на Прилеп свое видување дала и мисијата Conserve што во извештајот до Force 399 ќе истакне дека поради “нивното лошо држење за време на одбраната на Прилеп сите бугарски трупи се вратени назад со оружје, повторувам со оружје во Бугарија како непожелни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Подоцна, Ролан Барт (Roland Barthes) забележа свое видување на аматеризмот: „Аматерот го продолжува своето уживање (amator: оној кој сака и сака); и воопшто не е херој.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не знам зошто при првата средба со моите посетители, потоа јас своето видување го премолчив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога Марсел Дишан ни тврди такво нешто, истовремено ни ги претставува и сликите и одразувањата кои се рефлектираат и повторно ја создаваат недофатливата уметност на величенствениот ум. превод: Леа MAURICIO CALVESI Дишан и Ученоста Бидејќи сум поттикнат на пишување за Дишан, мислам дека од мене се очекува накусо да го појаснам своето видување на овој исклучително сложен уметник, кој дотолку бара и комплексна интерпретација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)