свој (прид.) - вештина (имн.)

Додека овој мирно седеше оставајќи го народот да ги изведува своите вештини пред него, новиот претседател и самиот активно учествува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ВИЗИИ И ЗА УТРЕШНИНАТА НА МЕБЕЛОТ ВО БУЧАВИОТ милионски Келн на Рајна, дниве во Дојц еден од помалку шумните квартали и населби, во една монументална зграда крај Рајна се одржуваше саем на мебелот, на кој своите вештини во овој сектор на дрвната преработка ги демонстрираа подесетина земји од цел свет, а особено од Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој се гордеел со својата вештина како ѕидар и верувал дека може да направи мостот да опстои само со помош на традиционалното жртвување на животно - тој заклал јунец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Човек како Бил Девит, бавен и смирен, сигурен во себе и во својата вештина, за Даниел значеше плоден и добро реализиран живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со своите вештини совладувал многу болештини.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Онаа книга испокината љубопитноста на светот му ја уважува, со своите листови шушкави уште ова го кажува: За утот Утариус, иако без диплома, еднаш како лична творба некој ќе напише роман.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Драматичната глетка што ја овозможува јавната изведба на ретки и тешки подвизи, кои се извршуваат мигновено при најголема изложеност и под стравотен притисок, го претставува оној главен извор на возбуда поради кој и публиката на спортовите и публиката на изведбените уметности радо плаќаат големи парични износи.392 А, сепак, двете дејности имаат крајно различни класни и родови кодови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Играчот што прима додавање кога е во положба да постигне поен, застанатиот со палката пред кого е решавачко нафрлање, пејачот кој во миг на целосна сценска и слуховна изложеност зема здив пред да ја отпее долгоочекуваната висока нота: сите тие се своевидни акциски јунаци, кои треба да настапат под притисок, при висок ризик, видливо, јавно, во една неповторлива пригода, кога им се заканува лично понижување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во вакви пригоди се бара од играчите да се воздигнат, да ја покажат сета своја вештина и да ги магнетизираат гледачите со сјајни прикази на бистроумност, на подвижност, на техничка и тактичка умешност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културната организација на дејството во нашето општество им приредува на таквите изведувачи нешта што би можеле да се замислат како лирски мигови – мошне кратки, минливи мигови на пресудна напнатост, дел од секунда во кој сѐ неизвесно стои на тенка жица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- На гимнастичарите такви нешта не им се случуваат - не се согласи Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Што ти е животот - реков - ти чекаш жртва а јас никако да се ослободам од приказната за гимнастичарот што се заплеткал прикажувајќи ги своите вештини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По сопствената верзија на митот (неавторизирана), Прометеј ја употребува својата вештина за да ја избегне пропаста на својот вид, присвојувајќи го за себе кремот од генскиот пул.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
** Самоуверените поединци на киберплемето нарекувани се слободњаци, самураи, слободни стрелци, самостојци, неконформисти, чудаци, проблематични, ексцентрици, визионери, иконокласти, бунтовници, занесувачи, осаменици, швркнати.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си помислив, не без загриженост, дека црните луѓе, благодарение на својата вештина во однос на обичните, можат еден ден толку да преовладеат, што тие да бидат оние кои ќе ги предусловуваат моралните норми кои и така се сомнителни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таму ги поеја жедните животни, а потоа ќе се расположеа по ливадите, се бркаа и се бореа, а понекои од нив ги прикажуваа своите вештини во јавањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сатурн сакаше да ја употреби својата вештина за забавување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој не знаеше како да се однесува на таа застрашувачка опсесија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)