свој (прид.) - верност (имн.)

23 Непосредно по потпишувањето на примирјето, па дури и пред во Версај да отпочнат преговорите помеѓу Франција и новото германско Царство, пратениците на Алзас и Лорена во Националното собрание во една свечена декларација ја обзнануваат својата верност кон Франција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Додека водата е на страната на земјата, секогаш тежи врз неа, ја поткрепува со својата верност; само одвереме навреме “потрчува” до небото за да дофати дел од вечната енергија во етерот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Наскоро се очекуваше визитата на султанот, па Мехмед-паша имаше намера да се пофали со делата на својата верност кон Падишахот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зар татко ти, и тоа само заради својата верност, не ја заслужи од Иван Степанович малата куќарка под лозјата?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не ја напушта Македонија, никогаш. Останува доследен во својата верност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)