свој (прид.) - венчавка (имн.)

Уште од својата венчавка шест години пред тоа, таа не беше дошла во Виена, а за тоа време Зигмунд и Марта ја имаа посетено во Хамбург само двапати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во меѓувреме траеше Големата Војна, и не можеше да се патува, а и по нејзиното завршување железничките пруги меѓу Австрија и Германија беа прекинати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Истите зборови на обврзување, ветување, поучување, насочување кои ги повторуваше и тој, за да потврди дека навистина, и во добро и во зло, и во болест и во здравје, ќе остане со жената која тогаш ја донесе во оваа иста катедрала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сѐ уште се сеќаваше на нив од својата венчавка пред некои триесет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)