Френк деновиве го има истото чувство додека ги гледа нивните фотографии од тоа време: еве ја веселата Марџори на плажа, сѐ уште неоскверната и поубава и од неговата ќерка, со оние две прекрасни деца; еве го него како позира на својот велосипед, сѐ уште несвесен дека неговиот панкреас решил да го убие по кратка постапка.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)