свој (прид.) - важност (имн.)

Еден од најзаостанатите пунктови на нашата општа заостанатост е токму маркетингот, вештината како јасно, прецизно и шармантно се комуницира, а притоа се заработуваат и пари.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па сепак, Бојс од уметничката изложба побргу создаде свет општествен обред отколку некаква самопослуга.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште еднаш преку моќта дијалектички да пресврти некое очекување, поразот да го укине со психолошка реалност, тој ја покажа својата важност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еве како почнува статијата: „Долната облека значително влијаела врз ширењето на западната култура, а улогата на износената облека, пак, помогнала во описменувањето и по својата важност може да се спореди со пронаоѓањето на печатницата“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во турнирската сала, пред очите на тиха публика, тој ги смислува, како сосем отсутен од стварноста, своите потези или пак прошетува со одмерен чекор меѓу шаховските столчиња, погледнувајќи ги позициите на другите табли, а изразот му е задлабочен, продуховен, и некако само од себе му се налага да ја чувствува својата важност и како случајно да погледне во публиката сакајќи да види дали се одразува на неа сугестивно тоа негово чувство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И најкрупните зборови како човечност, чест, среќа, слобода, губат од својата важност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зар не ја сфаќаат својата важност?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пет века! Десет века! Сè ќе се испреврти.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Единствено ако во случај Југославија и Бугарија политички би се обединиле или ако врз основа на најпријателски односи таа основна пречка за југословенското поседување на Солун ја изгуби својата важност, и тогаш југословенските политичари треба да размислат дали ќе биде исплатливо да се добие Солун на сметка на грчкото и исто така на турското непријателство".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, експертите сметале дека "српските етнички и историски барања во Македонија, иако жестоко поддржувани, се слаби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)