свој (прид.) - буден (имн.)

Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А во ноќта, пијан и зол, удираше по вратите на станарите од Нојовиот ковчег, се кикотеше и липаше, беше страв и ревење за судбината на некаков коњ (Слушате ли, бројки: тој коњ сум јас!) за некаков кловн што умирал секој ден (И тој кловн сум јас!), за Јана (Мајко божја, зол е твојот син Исус!), за се, за се, и се колнеше дека никому не му донел добро - се до својот кошмарен и немирен сон простувајќи се од својата будност со закана дека ќе го дигне во воздух Нојовиот ковчег.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)