свој (прид.) - боја (имн.)

Од спротивната страна на жицата до неговите уши допираше метално чист глас кој по својата боја му беше познат, беше сосема сигурен дека го имаше слушнато и порано, но не знаеше кога и од кого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се чудеше - и злото имаше своја боја; лицата на браќата беа пепелавомодри. „Во собата на твојот сосед од број 6“ ,темно зашумоле тагата на Каин и Авел; се грчеа како да се чекаа да ги бичува. „Сте сонувале?“ Се заврте да не ги гледа. „Земете го другарот Климент Охридски за заштитник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше темносиво, од него или заради него се имаше своја боја во бавното движење или вкочанетоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина, топлината на буквите, и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да и каже ли дека болката под третото ребро ја почувствува сега првпат со својата свест и дека сега знае: таа почнала порано од денот на гревот забременет со безброј нови гревови, секој со своја боја ис вој звук.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од Ливерпул до Атина границите ќе се скинат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мал пес, без своја боја во ноќта, се џитна кон еден насилник.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А кога денот се прикраде пак во неговиот прозорец со онаа негова нерешителна виделина, во која будењето траеше долго, првото, што успеа да го открие, беше едно малечко, питомо главче, со две долги увца, кои по својата боја и по тоа како беа порастени многу потсетуваа на два листа од една мека тревка, што расте по висовите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Боја ли е кроткоста во басмата со две лица или е басмата кротка со двете свои бои...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Практичната слика на животот добива свој тон, своја боја, свои нијанси во детското разбирање.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човекот и со десет животи ќе бил веќе мртов, и со дваесет, и со повеќе, но продолжувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видот на луѓето имал сила да наголемува: секое влакненце на крвавото лице, од увото до гркланот, имало свој правец, своја боја, свое движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)