свој (прид.) - бомба (имн.)

Овој краток преглед за значењето на европскиот капитал во стопанскиот живот во Македонија има за цел да го олесни одговорот на прашањето: Зошто гемиџиите решиле да ги насочат своите бомби кон интересите на Европа?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа било разбирливо кога се знае во каков хаос го фрлиле гемиџиите градот со своите бомби, кога никој не знаел точно што се случува, а властите, секогаш наклонети да ја кријат или изопачуваат вистината, давале информации што често биле сосем спротивни на вистинската положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По сè изгледа Коста решил да почека и тогаш, кога сите помислиле дека акцијата е извршена и дека атентаторите се ликвидирани, да се јави тој и со својата бомба и со својата смрт да предизвика нова вознемиреност и да ги потсети сите дека тие уште не се уништени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првите табли на Лабрис беа направени неколку месеци пред американските и другите НАТО авиони да почнат да ја ораат ирачката пустина со своите бомби.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога се дигна димот, во дворот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но и овие веќе беа спремни на секаква изненада, та Јован ја фрли и својата бомба низ прозорчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)