По големата погибел на Евреите на Масада 73, Хадријан пристигна во Атина, му принесе жртва на својот бог, ја бакна земјата под Акропол и извика: sacra populi lingua est.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И врз трпезата на плоча запишано: Легии, добродојдовте на трпезава што ја оставивме да ви појасни дека ние не умревме ниту за вода ниту за леб туку поради Честа што се обидовте да ѝ ја одземете на татковината ни... Sacra populi lingua est
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тие беа верници и не можеа без својот бог. Во тоа што беше сигурен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Погледна откосо кон прозорецот, рамно во окото на оддалечената месечина и откри со болните прсти совладувајќи се да не падне мртов - 1001, откри клекнат на оттрпнатите коленици како пред некој свој бог.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мислам дека реков нешто зло за тебе и го предизвикав.“ Се насмеа. „Ако го видеа ова Каин и Авел по вторпат ќе го изгубеа својот бог.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сретна многу познати, уште од она време на крвавите воени години и се изненади - луѓето се менеа, имаа други лица и други облеки, а тој, влечејќи се по врелата калдрма, уште му се молеше на својот бог по крчмите и се кострешеше како гладен вепар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Имаш ли свој бог, Јано? „Јано, едно дете ми рече дека еднаш бог седел во нивниот двор и сечел лубеница.“ Не можеше да се нурне во себе и да испитува, сега, кога беше сигурно дека двајцата нејзнини богови ќе се сретнат и ќе ја разголат нејзината тајна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го чу: Каин и Авел го изгубија својот бог. Богот Мирон се прекрсти во бог Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тогаш се имало своја сила, свој бог. Незванично, речиси тајно. И сонцата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Човекот го сонувал во молитвите својот бог во вид на бел и гривест коњ, крај реки и крај степи, на облаци над тие степи и над тие реки, коњот го познавал само оној бог чии петици му ги стискале ребрата додека со сила на ветар се судрувал во галоп со ветар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ноќта ги беше избришала прашливиот атанор и лембиците,20 кога некој тропна на вратата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во својата работилница, која ги опфаќаше двете простории во визбата, Парацелзус го замоли својот Бог, својот неопределен Бог, кој било Бог, да му прати ученик.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)