свој (прид.) - блискост (имн.)

Ема својата блискост со него не ја скриваше, но во постапките на заедничките средби во Центарот, а и во разговорите меѓу нас двајцата и со другите во Одделението за анализа, на таквиот однос му придаваше вкус на рутина во работата со сите особености што ги содржеше нашата професија, пред сè – почитување на хиерархијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога ги читав писмата на Елен Лејбовиц, верував дека ја слушам, ја гледам, толку многу зрачеше во своето пишување, со својата блискост, искреност, доверба, добрина, великодушност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)