Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да запознаеме некои од тие Луѓе Пилоти.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Киберпанкерот, пилотот кој мисли јасно и креативно, кој го употребува разновидното натрупано електронско орудие и својата бистрина, е најновиот, најмодерен, врвен модел на нашиот вид, homo sapiens - sapiens cyberneticus.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Од многубројните додворувачи и умилкувачи што ја напаѓаа како гладни оси зрело грозје, Горде одвај успеа да заврши средно училиште со преодна оценка, и тоа повеќе поради својата милновидност одошто поради својата бистрина, а веројатно нешто и по заслуги од залагањето на својот поширок род.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)