Од сите куќи најмногу ветеринарот Скрез ја посетуваше куќата на Цанул и најмногу својот бик го спаруваше со неговата крава; влегуваше ветеринарот Скрез со жена му на Цанул, Цанулица, во ќералот кај кравата, и додека кравата блажено подмукнуваше под бикот, блажено подофнуваше и Цанулица потфатена од ветеринарот Скрез.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Секогаш досега беше свесен само за потребите на својот бик Чако, којшто обезглавен го гонеше, во потрага по земските сладострасти.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)