свој (прид.) - библиотека (имн.)

Впрочем, такви книги за козите тој имаше во својата библиотека многу, многу порано, пред да се постави козјото прашање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веднаш ми стана јасно дека мајка ми мора да ја има таа книга во својата библиотека која уредно ја збогатуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И, исцрпен и истоштен од битките што ги водеше во егзилскиот живот, тој ги затворил клучните сиџили во тајниот дел од својата библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој остана малку со нас, на чардакот, па се упати во својата библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како да ги жалеше книгите коишто сакаше да ги премести, да им даде маргинална позиција во својата библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но тој не знаеше дека на Татко му беше значајно да знае уште колку години ќе живее за да си направи конечен договор со преостанатите книги од својата библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не влезе, како по обичај, во својата библиотека, но и ова не ѝ избега на Мајка од вниманието.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ќе откриеше некоја книга или некој ракопис, во својата библиотека, кои ги сметаше заборавени засекогаш, Татко почнуваше да им зборува на своите книги, како да беа живи суштества.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега убаво гледаше дека Татко ги става во прва позиција, во својата библиотека, правните книги, своите енциклопедии, некои довлечкани дури од Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Втората е да ја замисли и претстави секоја од волшебните книги што Просперо ги зел со себе од својата библиотека кога побегнал од Милано.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И кога еден ден Татко започна во својата библиотека - судбина да става книги на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин помеѓу Библијата, Куранот, Талмудот и другите свети книги, Мајка ја обзеде силен страв што не го покажуваше надворешно, немоќна да ги протолкува чудните постапки на својот сопруг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко често целото семејство го собираше во својата библиотека кога имаше нешто значајно да ни каже или кога требаше да го наложи молкот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По читањето на Браќа Карамазови и Зли духови, Татко изврши мала реформа во одделот на светите книги во својата библиотека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Последно прибежиште, извор на енергија за премостување на сите противречности ќе најде во својата библиотека, во распоредот на своите книги, во менталниот поредок на нивните значења.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Постоеше систем на поврзаност на овие записи со татковите книги во рафтовите на библиотеката, некаква осмозна алхемија чии тајни таткото, господарот на својата библиотека ги однесе со себе, но остави доволно за разгатка за тие што би имале моќ да ги откријат тајните кодови на неговата митска библиотека...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски беше горд што ја имаше во својата библиотека книгата на Франц Миклошич, Die turkischen Elemente in den südosteuropäischen Sprachen, книга за турските елементи во грчкиот, албанскиот, романскиот, бугарскиот, српскиот, малорускиот, рускиот и полскиот јазик, објавена во Виена, во 1884 година. Toj ќе ја пронајде и книгата на Ѓорѓе Поповиќ, Турске и друге друге источанске речи у нашем језику, објавена во 1884 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И еве сега, во својот егзил, запрен на првата етапа, за која никогаш не сонуваше дека ќе биде прва и последна, веројатно како втора етапа требаше да биде патот кон Франција, Америка или Турција, тој се најде во кафезот на својата библиотека да се пресметува со турцизмите?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во книгите од својата библиотека собра доволно аргументи за да остане цврсто убеден дека сите големи империи и цивилизации почнувајќи од Месопотамската, Египетската, Римската, Персиската, Османската Империја, па с до цивилизациите на Маите, на Ацтеките, на Инките и други, исчезнале или пропаднале во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш неговиот весел и полетен пев прострујуваше во куќата и тоа беше сигнал дека Камилски сретнал добар автор меѓу многуте книги во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сега бездруго се случило нешто многу значајно кога Камилски ја пее познатата арија искачувајќи се по скалите, запирајќи во кујната каде што ја почувствува миризбата на ручекот, мусака од модри патлиџани, неговото омилено јадење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко до доцна во ноќта патуваше во својата библиотека, обземен од својот дел на обврската да реферира утредента за зборовите кои не ги сметаше апсолутно за опасни, туку како зборови- институции, кој кои на најдобар начин во текот на вековите ја задржале речиси непроменлива својата иницијална конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго во ноќта претураше во својата библиотека, трагаше по основните значења на поимот зандана во речниците на балканските јазици, во енциклопедиите, во историските книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски по овој настан му се колнеше на Татко во сите книги од својата библиотека дека повеќе нема никогаш за непрочитана книга да вели дека ја прочитал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски повторно ја бакна својата сопруга, која не беше навикната на толку голема нежност од својот сопруг, оддалечувајќи се да ја постави вечерата, додека Климент не знаејќи што да прави во кујната влезе во својата библиотека, ја остави чантата, имаше време само да отвори некои од речниците и да се врати во трпезаријата каде што веќе беше поставена вечерата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Климент Камилски, откако доцна се врати во својот дом, како по обичај појде во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И самиот Климент Камилски може да се рече дека имаше судбина на балкански Дон Кихот во однос на своите забранети книги кои вешто ги криеше во својата библиотека, уште во периодот кога му беше мил на повоениот период и кога беше високо вреднувано неговото доброволно учество во Граѓанската војна во Шпанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Последнава пасија му остана трајна да ја составува својата библиотека до крајот на својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како алхемичар изгубен во лавиринтот на зборовите, Климент Камилски долго време чекореше низ коридорите на својата библиотека, барајќи ја својата еурека, којашто мислеше дека е во неговите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Излез од таквата состојба може да најде само во лавиринтот на својата библиотека, во читањето на книгите според неговиот утврден распоред.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се согласија едно време да не се гледаат и секој да размислува во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но повторно, патувајќи од својата библиотека до чардакот со отворена книга, се убедуваше дека Балканот, сепак, останува лавиринт на лавиринтите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со време Татко и неа ја премести, а на неговото место ја постави сликата на својот вујко која долго време успешно ја криеше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога си замина Камилски со жолтото куферче и неколкуте книги, Татко побрза, да провери некои книги за јаничарството во својата библиотека, потоа седна на синиот миндер на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Татко му беше познато дека Флобер му се восхитувал на романот Дон Кихот Кихот од Сервантес, што го беше читал во превод на албански од Фан Ноли и оваа книга ја имаше во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога во еден период Татко конечно согледа дека ќе мора да ја одложи за други времиња работата врз својот проект на животот, пишувањето на книгата Историјата на Балканот Балканот низ падовите на империите, реши да изврши нова значајна реформа во својата библиотека, да го промени распоредот на читањето на книгите, во потрага по нови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секој појде кон својата библиотека како кон Делфиското пророчиште, да трага по вистината како да се совлада балканвавилонското проклетство...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко долго време ги проучуваше Тората и Кабалата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го чекаше во својата библиотека целиот потонат во книгите, ѕиркаше од некоја барикада од нив, како да беше се престорил и самиот во книга, со животот во неа колку да може да се прелистува како единствена книга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
V Климент Камилски доцна во ноќта се најде во царството на своите книги, провлекувајќи се несетум низ коридорот до својата библиотека пред која имаше сопче со работна маса и канабе, во кое по долгото читање понекогаш и заспиваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко повторно изврши мала реформа во својата библиотека собирајќи ги книгите за јазиците, речниците, енциклопедиите на едно место во делот на библиотеката во чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, според своето верување, најден на крајниот хоризонт од својата библиотека, ја напушташе идејата која долго време го обземаше за да се препушти на нова потрага.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се враќаше дома потпевнувајќи една арија од Верди, која обично ја потпевнуваше во радосни мигови, но најчесто во својата библиотека, крај отворените книги, особено кога ќе наидеше на мисла при читањето, којашто ќе му го огрееше срцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со денови не ја напушташе својата библиотека во потрага по интегралните значења кои му одминуваа од книга во книга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LIX Татко го затекна својот пријател Камилски во својата библиотека тажен, наведнат над своите речници, во потрага по последните турски заемки од речниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога го забележа Татко, се крена од книжната барикада, се извиши како господар на книгите, небаре наредувајќи им да му се поклонат на драгиот гостин.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски никогаш не го прашуваше Татко кој е на сликата, но сега помисли дека тоа може да биде само Али Фети Окјар и никој друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заборавајќи на одамна истинатата вечера во трпезаријата, веднаш се упати во својата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неочекувано Татко стана и од својата библиотека ја донесе малата книшка на француски јазик од WSS Wassa Effendi, Reflexions sur la Legislation en Turquie, Constaninople, 1869, на 36 страници, којашто му ја донесе Климент Камилски од своето последно патување во Париз од книжарницата на Самуелиан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во периодот кога Татко, по читањето на Книгата за воспитувањето на детето, беше обземен во читањето и размислувањето за балканските лавиринти во својата библиотека, дојде Климент Камилски со неколку книги со себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа книга-каталог беше Мајкиниот дел на бескрајот, во кој таа убаво се снаоѓаше, можеби подобро од Татко задлабочен во сите книги од својата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко по малку си се замислуваше себеси со донкихо­товска судбина во својот балкански егзил, сметајќи ја својата библиотека како излез кон светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во еден период, следејќи ги имагинарните кодови на својата библиотека, низ променетиот распоред на книгите, особено низ метафоричното патување на јагулите, од Езерото, преку реката, до Океанот, до далечните брегови на Америка и обратно, замислуваше среќно патување за семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка очекуваше Татко да земе многу повеќе книги, според тоа колку долго остана во својата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш Татко веднаш ќе ја разбереше пораката излегувајќи од својата библиотека, од неговиот балканвавилонски центар на илузиите...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немаше време ниту да ги тргне неколкуте книги на Сталин и за Сталин, од својата библиотека, со кои веруваше дека ја штити библиотеката од непредвидливите натрапници во библиотеката, ги штити сите други книги, вклучувајќи ги светите книги на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само тој сметаше дека Дон Кихот не успеал да го најде излезот кон светот затоа што не успеал да го открие вистинскиот распоред на книгите во својата библиотека кои водат кон вистинскиот излез.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Речиси никогаш не се мешаше во промените кои Татко ги правеше во својата библиотека, колку и да беа за неа напати чудни, неприфатливи, имагинарни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш Татко брзо се врати од својата библиотека држејќи го во рацете Куранот отворен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ретко излегуваше од својата библиотека, а адвокатската работа речиси ја запусти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко го поведе Игора Лозински во својата библиотека во која светеше жолтата ламба. Ја подзасили светлината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Неговиот татко, именуван како Таткото во романот, отсекогаш ја носи со себе својата библиотека, слика на предците уште од далечниот Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И во тие мигови кога Татко беше силно возбуден, се прикрадуваше несетум во својата библиотека. Се смируваше крај своите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко во разгорот на овие мисли, по којзнае кој пат, ја започна големата ревизија на својата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се чинеше дека Татко, како никогаш дотогаш се справуваше со распоредот на книгите во својата библиотека, барајќи излези од балканскиот лавиринт.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа знаеше, во животот тоа повеќе пати ѝ се потврди: Татко исчезнуваше во својата библиотека и се враќаше со необични откритија само кога ќе го навасаше мисла за нова преселба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И неговиот татко имаше своја библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ги прибираше сите светски книги во својата библиотека!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во тешките времиња за книгата, кои ние децата никогаш не можевме да ги разбереме зошто се такви, татко ми се движеше брзо и нервозно во својата библиотека, ги разместуваше книgите, ги криеше, продолжуваше неговата алхемија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)