Во темницата, исправениот затегнат гол женски грб се оцртуваше во својата белина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Го гледа зарчето како отскокнува од јадрата црвена рака, се превртува во воздухот и за миг ја остава трагата на својата белина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој замижа и ја виде неа како му се дава на другиот маж, нејзиното вито тело му ја предаваше својата белина и еластичност на другото тело, нему му ја даде сета префинетост, која тој ја сметаше само своја.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Понекогаш тој ден успеваше да ја заплисне со својата белина и да ја стопли со своите одблесоци целата Бела Долина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)