свој (прид.) - ангажира (имн.)

Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа своја ангажираност вести дека проблемот е проблем насекаде во светот, тој интерес има ѕвездени треперења, траги за една трета димензија на пораката произлезена од песните.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)