свој (прид.) - акција (имн.)

Поради немање доволно динамит, гемиџиите дефинитивно се откажале од мислата своите акции да ги прошират надвор од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во пресудата особено се крие тоа што го знаеле многумина, а и солунските конзули, дека гемиџиите со своите акции сакале да предизвикаат активна интервенција на Европа за давање автономија на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, големите сили, ползувајќи го фактот што Врховниот комитет сите свои акции против Турција (Македонија) ги организирал на бугарска територија, често ја прогласувале одговорна бугарската влада и за дела извршени од Македонската револуционерна организација, која со бугарската влада немала никаква врска.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
МРО не можела својата акција да ја потчини на интересите и политиката на надворешните фактори, па било тоа да се и големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со своите акции Сарафов создал впечаток кај европските влади и јавноста, и одделно во другите две соседни на Македонија држави, дека сѐ што станувало во Македонија, сите подготовки на угнетениот народ за отфрлување на султанскиот јарем, се негово дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И кога акцијата била готова, и патниците претоварени во чамците за спасување, тој со задовослтво констатирал: “Јас во душата си се радував што целиот пароброд ќе изгори и што нема да има ниту една човечка жртва, зашто со својата акција ние никогаш не сме се стремеле да даваме човечки жртви, уште повеќе кога се знае дека патниците во паробродот се невини по однос на нашата - македонската кауза“123.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа тој не се согласил со гемиџиите да ја изведат својата акција во толку неповолно време за Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиите наводно, се согласиле атентатите да ги одложат за по востанието, но не се откажувале од својата акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Грција била заинтересирана турските власти да го задушат револуционерното движење, за тоа со своите акции да не предизвика сериозни проблеми и промена на статус-квото во интерес на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓу нив се и оние гемиџии коишто, поврзувајќи го своето дело со своите млади животи, и сметајќи дека немаат право да ја надживеат својата акција и своите невини жртви, свесно и бунтовно се исправиле пред непријателските пушки или се самоубиле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Никој, освен нив десетина, не знаел што точно тие подготвуваат и како ќе ја изведат својата акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од друга страна, истражувањата и анализите за политичките и воените ставови на раководството на НОД покажале дека "партизанското движење, од самиот почеток на своите акции, ја прифати идејата на федерализмот, како фокусна точка во нивното политичко планирање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Досега тие едногласно истакнуваат дека југословенската федерација бара републикански состав на владата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Алтернатива е пазарното стопанство и демократијата да ги внесат своите акции во една перспектива на развиток.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Иване, зошто Луков сите свои акции ги подготвува во мојов дом?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Медалот го охрабри уште повеќе во своите акции.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
X Децата пак ја започнаа својата акција против Бошка Манев, Мартина и неговите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)