свој (прид.) - агол (имн.)

Различните етнички групи ширум Америка сé повеќе се служат со новата технологија за на светот да му го претстават „својот агол” и својот начин на гледање на работите (како на пример Кајапо од Бразил).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тројцата мажи седеа во својот агол речиси неподвижни, не прозборувајќи ни збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не, не сакам - не сѐ уште. чекај додека не се исправам во својот агол.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секој од свој агол во своевидна наративна рашомонијада ги оспорува и ги поткопува веќе усвоените становишта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше место во последната клупа и изгледа дека беше задоволен со тоа, зашто таму, во аголот, другите деца викаа, се префрлуваа преку клупите, се маваа со сунѓерот, ги влечеа девојчињата за прцлињата и изведуваа стотици други ѓаволштини, тој седеше стуткан во својот агол, отсутен, со мислите далеку од она што се случуваше околу него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И додека тој седеше во својот агол, во последната клупа, сите погледи беа вперени кон него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нивните животи како да постоеја само поради нечие спасување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И сега Мајка, најмногу поради мене, моето семејство, децата, го следеше од свој агол на гледање и разбирање палестинското прашање, но и пошироко од аспектот на страдањата на невините семејства на Блискиот Исток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За време на семејните собирања тој само си седел во својот агол и набљудувал, не зборувајќи ништо, туку само гледал и апсорбирал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој сакаше низ татковото читање да ја дополни историјата на Калето од својот агол и во сеќавањето најмногу го бараше „патот што води низ пештерата кон водената кула”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)