свој (прид.) - кој (зам.)

Може и во неа да го гледаше умот свој кој, секој ден, во непознати места му се преместува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја обеспокојуваше и сеќавањето на сите свои кои ги виде за последен пат кога ја минуваме границата и долго време живеевме на другиот брег на Езерото, како емигранти. На брегот на егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ја држи подолго раката во својата која како да му е испружена низ подотворената врата или прозорец на кочија, на автомобил, на воз...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кадијата стана, ги позасука своите мустаќи, си ја помазни брадата, ја направи да не му е многу испупчен грбот, пак се огледа во огледалото, и излезе од одајата, та се најде во харемот свој кој горе-долу вака изгледаше: ...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)