свој (прид.) - го (зам.)

Таа, Трајана Дамческа, иако беше жена, за сè што ќе се договореа да направат или ќе направеа жителите на Потковицата, имаше свое мислење и по свое го правеше и, мораа да ѝ се признае, повеќе пати работите излегуваа на нејзиното.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така и сега постапи; коа се согласи син ѝ Ѓоре да ја отера бомбата во Прилеп, го симна чифтето од рамена, му го предаде на Крстета Јанчески и му рече А ти во замена ќе ми ја дадеш пушката твоја, за ако се најде некој будала да ми се плетка во работата по пат, да го стокмам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние своето го завршивме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Блажени се оние што ја спознале љубовта во срцето свое, оти љубовта е патот и целта, и љубовта човека го избавува од вечната смрт на омрзата и на тагата, а секоја љубов коренот свој го има во љубовта кон Него, па тие што љубат, во љубовта Нему му се поблиски“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Подоцна, кога во срцето свое го запозна Учителот и кога научи како да простува и преку молитва да се прочистува од тињата на омразата и на гневот, му прости и на татка си за омразата со која го имаше задоено.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пајакот на грбот свој го носеше Словото, мудрост најпресветла, највозвишена, целиот свет на плеќите свои го носеше, оти крст имаше, како и мојот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас своето го строив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се налути и си заминаа со Тихи и со Даме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму душа му вадеа, го претепаа: го тераа да рече дека има држава, а тој пак своето го тераше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
6. ЗА ОДОТ НЕЈЗИН СЕКОЈ АШИК СЕ ЧИНИ - небаре чекорот ѝ ѕвони и на внимание вика, но тука своето го чини и здолништето мини погледи, ко парички в џеб, во скутот што пика...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Со голи раце ќе го допреш жарот Последната желба, родот свој го дава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)