Таму стои и дека даските се црни, на таванските греди се нишаат пердиња исткајани од пајаците и дека на полицата што била на мојата страна, целата во прав и саѓи, имало две празни конзерви едната со сало а до неа и една книжна ќеса со сол која поради исчаденоста повеќе наликувала на стуткана свинска кожа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како негова спротивност, раководителот на градбата беше небаре излезен од гардероба: со качкет од јагнешка кожа, со јакна од телешка кожа и четири џеба, со фицерски брич - панталони вовлечени во теренски чизми од свинска кожа - тој ќе се исправеше на единствената скала од штабната барака, на дискретна височинка од долен ракурс, во поза на командант што ја прима смотрата на построените бригади, но поглед вперен над нивните глави, во визијата на езерото или барем на асфалтираниот пат што ќе поминува по грбникот на браната и ќе го опашува езерото, по чии брегови место потопени села ќе се редат современите летувалишта на работниот народ, а првенствено на неговите претставници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сповојницата и наречниците поминаа, но откако ќе падне мракот, па се додека пропеат петлите, во огаништето уште гори опурчак од свинска кожа и страшно мириса.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)