Требаше да ѝ кажам дека одлично изгледа во својот црвен свилен фустан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Симон го извади коњот и тргнавме. Јас бев со сандали, со свилениот фустан со бледо-жолти и црвеникави цветчиња.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Најпосле се појави Стоја со свилени фустани во боја расплетени кадрави коси, и штикли високи носи.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Таа: раскошна, со свилен фустан, да живееше половина век порано, ќе беше со ноќно капче со ленти.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ДИМО: Така си е… Мајстор си ти баба Ленке, од една свадба пет свршувачки ќе направиш… Од мене имаш свилен фустан.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
И самата е преслечена во прекрасен, свилен фустан, бел, со тантелна роза на градите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Александар еднаш се чукна во девојка облечена во зелен свилен фустан која немаше повеќе од дваесет години и весело играше со еден гардиски потпоручник, веројатно нејзин врсник За малку ќе го собереше еден гардиски капетан кој со својата дебелка госпоѓа смешно се трудеше да постигне елеганција во движење.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)