свилен (прид.) - гајтан (имн.)

Со црвен, свилен гајтан ги врзува рацете на момчето на грбот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Г
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најмногу стравувале од свилен гајтан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога таа би била на место на Обама, уште сабајлето на петти ноември Џорџ Даблју Буш би завршил на гилотина, Џон Меккејн би го испратила да дроби камен во Гвантанамо, Кондолиза Рајс јавно би ја шишале пред Капитол Хил, на Дик Чејни би му пуштила луѓе да го дават со свилен гајтан, а на Сара Пејлин сосе мажот и петте деца би им пресудила ко Ленин што им пресудил на Романови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
По неколку години од овој трагичен настан и самиот Фазли паша ја доживеал истата судбина (задавен со свилен гајтан) во истите одаи на својот Сарај.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Бре! И тоа го велиш! А, си чул ли, ако не го знаеш добро коранот, ќе ти дадат свилен гајтан сам да си пресудиш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Небаре нозете му беа сковани во окови, а срцето со свилен гајтан престегнато.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Што е тоа? На двете мали суви дланки лежат неколку предмети: скакулец со игла закачен на дрвце, свилен гајтан, клуче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)