свечен (прид.) - чин (имн.)

Со тоа не сакаше да каже дека театарот, како и црквата, ја има моќта за искупување на гревови, туку дека одењето на театар е исто како и одењето во црква- свечен чин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Влегувањето во црквата беше своевиден свечен чин, зашто со тоа секој му се претставуваше и на Бога ама и на луѓето, чии очи највнимателно ја следеа секоја постапка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Погребот е свечен чин, како и свадбата, како и други свечени моменти“. Постојано го зборуваше тоа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Цела пролет бевме окупирани со радоста за свечениот чин на којшто требаше да присуствуваме.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
YALE и другите факултети во САД имаат традиција на свечениот чин да присуствуваат познати светски личности.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Цели семејства на студенти беа дојдени да присуствуваат на свечениот чин.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Може знаете, ќе треба сценарио за свечениот чин на откривањето на мојот споменик.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дали во нејзината фантазија младоженецот беше татко ми, за нас ќе остане само претпоставка!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Апостолките на нашиот татко во кој се појавил на свечениот чин, што мене ме одушеви уште првиот момент кога го дознав тој ненамерен гест и белиот невестински фустан што Ласа никогаш не го облече.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)