А, јас ти ветувам, - заврши со свечен глас мајка ми, - дека романот ќе го почнам уште денес.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Маријанти со некаков свечен глас рече дека ќе одиме на екскурзија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се накашла, а потоа сериозно и со свечен глас рече: - Значи, другари, ред е и нашава дружина да има име. - Ура! Иху! - загрмевме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сетне стана, се исправи Алајко Ошев и со свечен глас рече: Треба ли да ви кажам оти од ова село сум и јас, како многумина големи луѓе, видни и заслужни раководители во највисоката власт, како на пример, брат ми Иљо, внук ми Коце и други...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)