светски (прид.) - познат (прид.)

Според светски познатиот хрватски писател Мирослав Крлежа, пријател на Матвеј Предраговиќ, Јосип Рацич станува жртва на својот идеализам да се надоврзе на импресионизмот, кога тој неповратно исчезнувал и кубизмот кој настапувал!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Отидовме и во светски познатата Опсерваторија, каде што се снимани повеќе филмови, како „Контакт“, „Златно око“ со Џејмс Бонд и многу други.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во болницата „Фош“ работи и д-р Жерар Гио, професор во Колеџот на медицина по неврохирургија на париските болници, еден од светски познатите лекари и научници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Разбрав дека во првите попладневни часови секогаш можат да се сретнат вакви жени кои одат на специјални гимнастички вежби, под контрола на светски познатиот гинеколог-хирург проф. д-р Леви, кој докажал дека по овој пат создава услови за безболно раѓање...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Слично како во светски познатата, на многубројни изложби поставена Shaw-овата инсталацијачитлив град, тука е и 3D компјутерската, симулациска графика на просторот, во кој лебдат букви и зборови, значи текстуални облици, коишто гледачот ги посетува врз основа на своето навалување (на пр. само завртување на столот), ги разгледува од сите страни, се вози околу нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој музеј е всушност програм на компјутерска графика, кој воспоставува симулација на голем музејски простор и четири помали музејски соби.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)