Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Иако мртовечкиот ветар го бришел сјајот на ѕвездите, над нив светела некаква леденикава ведрина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А видов со свои очи, на лице место
- иконописите се темни
таму кајшто денот е светол и долг
таму кајшто изгревот е ран и болскотен
токму како оној над Босфор!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Очите му беа светли и бистри како водата на неговото лице.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Подигна рака, покажа на олтарот и поместувајќи ја од лево кон десно, рече со наслада: - Туа, пушиш, Тито, со цигарата о р’ка и со ена пишчола, на, до туа, д’лга ем голема - таа се удри по колкот - а од левата страна Ленин, со подигната рака, на пролетаријатот му го покажва патот кон светлата и среќната иднина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Минаа низ куќата, ги изгасија светлата и појдоа во спалната соба.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)