Грицкањето и плукањето почнувало секогаш во точно одредено време - кога ќе се изгаснеле светлата во салата и кога ќе се појавеле првите слики на журналот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Знам дека кога се палат уличните светилки, кога гори и свети неонот, тогаш кога се преливаат светлата во чудесни нијанси и кога луѓето од далеку ги посматраш како силуети, е најпријатно да се впуштиш кон „Пигал“, па сè таму до „Клиши“ и „Амстрдам“, кон „Сен Лазар“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)