светол (прид.) - соба (имн.)

Еве како сликовито го опишува тоа Христо Коцев, сведок на тој настан: “На светлата соба бевме собрани (во Гимназијата) да размениме мисли за тековни прашања.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во светлата соба околу него пловеа непознати светови - белите богови на Алјаска, непроѕирните џунгли на Африка, златните води на Азија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бојан се пресели со мислите в село, во топлата светла соба на татковиот дом, па наеднаш почувствува дека очите му се навлажнуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наспроти светлите соби што гледаа едни кон езерото, а други кон планината, ходниците беа мрачни колку и да беа осветлени, колку и да беа нивните камени ѕидови обложени со лакирано дрво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)