Виде во светлиот квадрат на зградата згуснати сенки и ја виде и неа со тие сенки, издолжени и сплеткани до четвртиот багрем на уличниот дрворед, и се одлепи во темниот ѕид.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најт Таун се простираше под нас како куќичка за стаорци; од малите прозори продираше светлина од свеќа, со само неколку остри, светли квадрати осветлени од батериски и карбидни светилки.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
По некој прозорец беше осветлен со матна светлина од ламба; во светлите квадрати ќе се појавеше сенка, ќе се протенеше и ќе се изгубеше оставајќи жолтеникава празнотија зад себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Умре ли? зачудено прашав сеќавајќи се за високата сенка на светлиот квадрат во визбата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Голем, светол квадрат помина преку нас и падна на ѕидот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во светлиот квадрат на еден прозорец се појави сенката на Ана, се нишна за миг и брзо се изгуби.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)