Почести заемки од оваа терминологија биле и: инсан (народ, луѓе), со потекло од арапски (insan), есалет (псалтир), џенем, џевнем, џехнем (пекол), кабаат, кабает (грев во црковните книги, вина во световните книги), со потекло од арапскиот збор kabahat, куртул (спас).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На Камилски посебен впечаток ќе му направат и епитетите што често им се придаваат на Исус, Богородица и светците, позајмувајќи зборови од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)