Се привикнуваше полека на светлината за да открие пред себе и други двајца и за да познае еден од нив: висок и мускулест, сега без влажен мантил; стоеше крај прозорецот како бел призрак од немил сон и гледаше пред себе, во проредената коса на милоликото старче до грло сокриено зад светкава маса.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)