Текот на многу таткови мисли, можеше верно да се открива врз страниците на неговите отворени книги врз кои имаше истресено најмногу пепел – најмногу врз светите книги, нападната и разлеана врз редовите за време на неговите занесни читања кога забораваше да ја истресе во пепелникот што Мајка постојано го ставаше пред него.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Имаше таму многу свети книги, но нели не можеше сѐ да запомни?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сѐ што Татко насетуваше во своите свети книги опкружен со марксистичките и со своите потраги во судбината на својот народ по падот на империите, посебно последните три (Римската, Византиската и Отоманската), и сега во загработ на сталинистичко-комунистичката империја, сѐ што можеше да предвиди, јас како да го откривав во музеите, во театарските претстави, во страдањето на вековно спротивставуваниот менталитет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Така било и со другите свети книги.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Таман. Имаш време. Знаеш што велат нашиве свети книги, сине?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)