Онисифор Проказник праша: „Ти си домаќин на куќава?“ а човекот со блесок на заби во брадата рече дека е така.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„И како се разбираш, домаќине, со ова твое свето човече?“ „Луѓето и без збор се разбираат.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Го најдов светово човече во грмушка“ рече дивиот човек.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)