Има мигови, значи, кога нема што да се каже па наместо тоа, низ празната линија на телефонот, го слушаме својот молк кој јасно нè поучува: исто како и небото - дека и земјата врз себе ќе ја носиме... * * * Тој веќе му се радува на светиот оган кој ги спепелува сите сеќавања, ги осмислува сите бегства и во прегратка со пламенот постапно ги распознава сите мисли и зборови кои кажуваа дека има час во кој веќе ништо друго не може да се случи - освен да се догори.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Да се биде жив меѓу толку скаменети лица, да се биде слободен во кафезот на изгубените души, да се биде заљубен во пламенот на изгорените срца, да се биде победник во очите на ѕверовите, да се биде ангел во кругот на светиот оган, да се биде дел од сегашноста со слики од минатото, да се биде дел од фантазијата со одраз во искршените огледала, да се биде дел од сонот меѓу забите на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Едноставно да се биде човек во свет на хаос во кој ја проектираме хармонијата, човек кој во секоја пора од постоењето, низ олујата на времето ја бара својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Да ја криеш секоја горчлива солза, да осетиш како е да губиш сѐ, а не можеш да побегнеш, зошто ледениот здив на животот душата ти ја претвора во стерна, а пламенот од светиот оган телото ти го претвора во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но еден ден сосема обичен, скоро совршен ќе се разбудам со нов сон, со нова мисла и ќе дозволам засекогаш да исчезне сенката на мојот најголем страв.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)