свет (прид.) - крст (имн.)

Но имаше уште, оти кога клопчето на тајните се одмотува, подолго изгледа одошто кога оној што крие тајна го замотува: на следното ливче, о бедни и благоутробни, го најдов родословието мое, тајната на светиот крст на грбот што го носев!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ е стишено. И кандилцето не мижурка. - Мајчице Богородице, си издржала. Простум пред Светиот Крст... пред Чедото Распнато...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ако можев да убивам за да не бидам убиен; ако можев преку нишанот да ја решавам мојата судбина а не преку божјите заповести и светиот крст, беше дури и праведно да ја ослободам мојата мантија од душевните прегрешенија!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сочинителот сега, со помош на светиот крст беше заробен во делото свое, а не мушичката чтение што чини!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакам ли да осетам страп ред светиот крст господов…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)