Кутриот дедо Димо! Свесен беше дека многу малку од она што го зборува допира до свеста на дедо Иван, но со ништо друго не можеше да му помогне.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Свесна беше што ризикува... Колку ризикува...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Свесен беше дека не може да допре до нивните закоравени умови. Бесчувствени срца.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Свесна бев колку луѓето сакаат да ме провоцираат, не сфаќајќи дека јас самата тоа кај нив го предизвикувам, веројатно не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
А свесна беше дека на тој начин и самата ќе закрепне...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)