Дозволувам да ме опие свежиот мирис на љубовта, цутот на младоста да се зарива во мојата осамена душа, духот на времето да застане во моето раскрварено срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Соленикавиот и свеж мирис на сината ширина во неговите ноздри, додека нозете брзаат да го однесат на тајната средба со девојката што го чекаше, далечна, а блиска, таинствена, а позната, исто како и морето...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во прегратките да ми спие сонот на бесмртноста, танцот на самовилите да ме води на свети места, а јас нежно да чекорам по невидливата патека на вечноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Толку многу чувства во тој свеж мирис од островот на неговото детство – љубов, тага, прекор, сеќавањата, му се туркаа во главата без ред.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)