свадбен (прид.) - ритуал (имн.)

Кариби ли, на Балканот?  Во Варшава, значи, Хана и Леон заминаа веднаш по свадбата која се случи во синагогата во Гдањск во присуство на најблиските роднини на младоженецот, во ритуалот во кој на двапати му падна јармулката, обредното капче што стои на темето во сите свечени мигови од животот на еден Јудеец, што внесе додатна вознемиреност во и онака нервозната атмосфера која владееше и пред, но и низ свадбениот ритуал.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Влезе во дуќанот и скршена од болка, додека ги прередуваше незавршените костуми, го најде свадбениот костум што Јехуда си го беше сошил за сопствената свадба, го доближи до лицето залудно обидувајќи се да го почувствува мирисот на нејзиниот син од необлечениот костум и се струполи на земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Алегра запозна две веридби, но никогаш не го вкуси свадбениот ритуал, сласта на брачната постела, првата брачна ноќ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)