свадбен (прид.) - подарок (имн.)

Дури ми даде цел нов комплет есцајг кој ѝ беше останал како дупликат од свадбените подароци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој мебел го доби татко ѝ како свадбен подарок од неговите родители, брзо по преселбата во овој стан.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Токму тогаш, небаре свадбен подарок, на Баге му го тутнаа решението за пензија и тој дури тогаш се виде бел во косата како главучка праз што презимила во мраз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пудриерите со камена пудра, шишенцата со парфеми, убавите чанти, свадбениот подарок од Френк, кој се состоеше од комплет четка за коса со сребрена заднина и еден чешел, сите тие нешта и други работи таа не им ги даде на своите ќерки, на кои Даниел би можел да ги види, туку на некои небитни познајници, каде што беше многу мала можноста неговите очи, кои секогаш ги гледаа тие нешта, да ги забележат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)