сам (прид.) - низ (предл.)

Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Шетаа сами низ градот, како бели привиденија, во фурии, неретко во стадо, особено кога одеа на плодење кај прчовите на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Квечерина, бел ветер им ги одврзува нивните црни шамии А потоа сами влегуваат во ноќта и сами низ неа се симнуваат самоти морето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Истоветна лузна каква што носеше Тој на челото - ѝ изгреба и на секирата уверен дека лузните нанесени од честа не се грди, па продолжуваше сам низ планината листајќи ја како недочитана книга чиј јазик го разбираше само - Тој.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)