сам (прид.) - знае (гл.)

Сеното сте го собрале во копи, добитокот и сам знае да пасе, а мене ми треба работна рака.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Да, остави ги! Самата знаеш дека е тоа ѓаволски тешко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За сите други податоци препорачувам да му се обратиш на Боге од Бањи бидејќи и самата знаеш дека тој е нарачателот а можеби ќе биде одговорен и за погребот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)